Бил Козби прогласен за виновен за сексуален напад

428

Американскиот комичар Бил Козби е прогласен за виновен по три точки на обвинение за сексуален напад, од кои секоја предвидува по десет години затворска казна.

На актерот му беше судено за сексуален напад врз поранешната кошаркарка Андри Констанд, која претходно ја дрогирал. Настанот се случил пред 14 години.

Судијата донесе одлука Козби (80) да остане во притвор до изрекувањето на пресудата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...