Поранешниот вработен во „Мајкрософт“, Мајк Галос, на Фејсбук објави фотографија од Бил Гејтс, на која тој стои во ред и чека да купи сендвич пред синџирот за брза храна „Dick’s“ во Сиетл.
„Кога си вреден околу 100.000,000.000 долари, ја водиш најголемата хуманитарна организација во историјата на светот и чекаш во ред за хамбургер помфрит и „кока кола во „Dick’s“ како сите ние. Вака се однесуваат богатите луѓе, за разлика од позерите со златна школка во Белата куќа“, напиша Галос под фотографијата.