Бил Гејтс тежи над 100 милијарди долари и е втор најбогат во светот

86
ФОТО: EPA / GIAN EHRENZELLER

Состојбата на основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс надмина 100 милијарди долари. Тоа се случува првпат од 1999 година, пишува „Форбс“.

– Состојбата на Бил Гејтс оваа недела ја премина границата од 100 милијарди долари. Тоа се случи благодарение на поскапувањето на акциите на „Мајкрософт“ во пресрет на финансискиот извештај, кој ќе биде објавен на 24 април, се наведува во текстот на „Форбс“.

Акциите на „Мајкрософт“ вчера достигнаа максимална вредност од 123,52 долари за акција.

Според рејтингот на милијардерите на „Форбс“, богатството на Гејтс се проценува на 100,61 милијарди долари. Списанието прецизира дека во април 1999 година, во екот на акциите на технолошките компании, состојбата на милијардерот изнесуваше 100 милијарди долари.

Бил Гејтс останува втор на листата на најбогати луѓе во светот по сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој има 152,95 милијарди долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...