Бил Гејтс донира 4 милиони долари за да создаде комарци кои се убиваат меѓусебно преку секс

„Комарците убијци преку секс“, како што ги нарекол британски „Сан“ ќе бидат подготвени за проба до 2020 година.

747

Бил Гејтс ќе вложи четири милиони долари во проект на создавање на генетски модифицирани комарци, кои меѓусебно ќе се уништуваат преку сексот, пишува „Њујорк пост“.

Станува збор за мошне храбар и необичен обид да и се стави крај на маларијата, смртоносна болест која обично се пренесува преку убод на заразените комарци. Гејта планира да вложи пари од сопствената добротворна организација „Бил и Мелинда Гејтс фондејшн“.
Планот е да се создадат генетски модифицирани машки комарци кои се парат со женките во дивина.

Само женките комарци гризат, па армијата на генетски модифицирани машки комарци на Гејтс би биле безбедни за луѓето.

Она што е важно е дека тие машки комарци имаат ген кој во текот на парењето се пренесува на женките. Благодарение на тој ген, потомците на оплодените женки умираат пред да пораснат и созреат. За оваа идеја е заслужна британската компанија „Окситек“ која производот го нарекла „Пријателски комарци“ (Friendly Mosquitos).

„Окситек“ веќе направил сличен потег во борбата со зика вирусот.

Во некои подрачја, популацијата на комарците заразени со вирусот зика се намалила за дури 90 отсто. Она што во случајот на маларијата е поинакво е дека за овие комарци се потребни нови, генетски модифицирани комарци кои ќе се парат со женките.

„Комарците убијци преку секс“, како што ги нарекол британски „Сан“ ќе бидат подготвени за проба до 2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...