Анкета на германскиот весник „Билд“ покажа дека над половина од Германците се исплашени од постоењето на зони во кои не владеат редот и законот.
Според анкетата, 51 процент од испитаниците рекле дека во Германија постојат такви области, додека 41 процент велат дека тоа не е вистина. Три четвртини од испитаниците се согласуваат со потребата да има посилно полициско присуство и акции против мафијашките групи во земјата. Според германската новинска агенција ДПА, во изминатите години медиумите се полни со вести за ширењето на криминални групи по потекло од Блискиот Исток, а според некои коментатори, состојбата се влошила откако Германија во 2015 година ги отвори своите граници за бегалци и мигранти од Блискиот Исток.
Еден од водечките политичари во владејачката Демохристијанска партија ЦДУ, министерот за здравство Јенс Спан, ги посочи Есен, Дуисбург и Берлин како градови во кои има цели населби во кои „државата не функционира“.