„Бизнисрегулатива.мк“ портaл за самопроверка на фирмите за усогласност со законите

Бизнисрегулатива.мк ќе се однесува на фирмите од секторите земјоделство, туризам, ИТ, текстил,..., а ќе ги опфаќа сегментите работни односи, даноци и заштита шри работа.

185

Компаниите преку интернет страница сами ќе ја проверуваат својата усогласеност со законите. Тоа ќе им го овозможи новиот веб портал бизнисрегулатива.мк кој треба да профункционира во последната недела од мај годиннава, е соопштено на денешниот форум за економски развој во Велес.

Според Љубомир Димовски од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, бизнисрегулатива.мк ќе се однесува на фирмите од секторите земјоделство, туризам, ИТ, текстил,…, а ќе ги опфаќа сегментите работни односи, даноци и заштита шри работа.

– Веб порталот ќе дава и совети на фирмите кои тоа не можат финансиски да си го дозволат – истакна Димовски.

Бизнисрегулатива.мк е на четирите стопански комори во Македонија, но ќе служи како алатка за целиот домашен деловен сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...