Бизнисот бара слободен проток на работна сила во регионот и посебно во земјава и Србија

Работната рака, во регионот, посебно ќе биде проблем во наредниот период бидејќи и високоиндустриските земји од Европа веќе најавија олеснување за добивање на работни визи за квалификувани и високостручни.

265

Ако до пред некоја година проблем на бизнисите во регионот беше како да се продре на пазарите кај соседите, сега предизвик на бизнисите е како да најдар работна рака, изјави денеска потпретседателот на Стопанската комора бизнисменот Живко Мукаетов на прес-конференција на која беа претставени резултаитте од соработката со Србија.

-За жал, сѐ полош кадар доаѓа од образовните институции. Со овој проблем се соочуваат не само нашите, туку и компаниите во регионот, а негативниот ефект кој се создаваше изминатиот период допрва ќе се почувствува – рече Мукаетов чија компанија последните 10 години инвестира над 10 милиони евра во Србија.

Мукаетов и неговиот колега од српската инвестиција во земјава компанијата „Свислион“ Александар Јаниќ го актуелизираа проблемот и од причина пшто веќе почнале или планираат инвестиции за кои ќе им биде потребна квалификувана работна сила.

Работната рака за компаниите од регионот посебно Србија и земјава е проблем кој треба да се решава се свесни и владите на двете земји. Амсадорката на Србија во земјава, Душанка Дивјак Томиќ рече дека решение се гледа во отворањето на регионалниот пазар на труд кој е дел од иницијативата „Мини Шенген“ која ја поддржаа Србија, Албанија и С.Македонија, а Босна и Херцеговина и Црна Гора размислуваат да се вклучат во иницијативата.

– Во рамки на ницијативата се планира слободен проток и на работната сила, а за тоа ќе ни триба хармонизирање на законодавството, олеснување на давањето работни дозволи, па можеби и наставните програми во средните стручни училишта- рече  Дивјак Томиќ.

Таа предложи земјава да го користи српското искуство за дуално образование кое, како што рече, е во напредна фаза.

Работната рака, во регионот, посебно ќе биде проблем во наредниот период бидејќи и високоиндустриските земји од Европа веќе најавија олеснување за добивање на работни визи за квалификувани и високостручни.

Мукаетов и Јаниќ како бизнисмени кои инвестираат во двете земји ги посочија како проблем и бројната бирократијата, храмонизирањето на законодавството и сертифицирањето, но сметаат дека и двете земји се благопријатни за инбвестирање и водење бизнис.

Во врска со иницијативата за „Мини Шенген“ која ја посочи како еден од приоритетите за зголемување на соработката, амбасародката Дивјак Томиќ подвлече дека сите се добродојдени и дека ова прашање, мислејќи на Косово, Србија не го врзува за статус.

– Идејата не е „Мини Шенгенот“ да биде само за три земји. Напротив. Тоа е идеја која има поширок регионален карактер и сите се добродојдени. Косово никој не го спречува. Многу сме заинтересирани да нема никакви пречки во размената и протокот на стоки и луѓе. За жал, ситуацијата е засега таква. Сѐ уште е во сила сериозната рестрикција на стоки од централна Србија – рече амбасадорката.

Амбасародката рече дека првите чекори од иницијативата се почнати преку концептот „One Stop Shop“ , но како што подвлече сѐ уште трае процесот на прилагодување и затоа има проблеми и застои на граничниот премин Табановце – Прешево.

-Мислам дека ваквиот модел има перспектива и дека ќе профункционира, но треба време, рече таа.

Таа додаде дека веќе е потпишана спогодба за граничниот премин Лојане – Миратовац иако засега од него нема некоја економска исплатливост.

– Флуктуацијата е мала, но институциите, сепак, излегле во пресрет на барањата на локалните жители. Се размислува овој премин да се развие како резервен, посебно за т.н. шпиц сезона, но тоа ќе зависи од инфраструктурата во која треба многу да се вложи- рече амбасадорката.

На прес-конференцијата беа презентирани резултатите од трговската соработка меѓу двете земји која е во пораст.

– Србија е наш најголем трговски партнер на Балканот и четврти во светски рамки. Најмногу извезуваме лекови, вино, производи од железо, а увезуваме пченица, брашно, цигари, електрична енергија. Дефицитот е секогаш на македонска страна и на тоа мора да се работи – информира Анета Трајковска од Стопанската комора.

Амбасадорката дополни дека Србија е во целост отворена за соработка. Во инвестициите, рече, може да се направи нешто повеќе, како и во изнаоѓањето партнерства и заедничкиот настап на трети пазари.

-Ако се забрза протокот на стоки може да се заштедат две милијарди евра, пари кои би се вложиле во нешто добро што би било од интерес за двете страни – истакна Дивјак Томиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...