Бизнисмени бараат да се одложи примената на законот за перење пари

Според Комората на Северозападна Македонија, Македонија има предвидено порестриктивни стандарди од оние кои се бараат со Директивата за спречување перење пари.

178

На неопределено време да се одложи примената на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот бидејќи ќе има негативно влијание врз бизнисот во Македонија, бара Стопанската комора на Северозападна Македонија.

За ова барање на Комората се изјаните 86,7 отсто од нејзините анкетирани членки.

– Бараме да се консултираат бизнисите за вакви чувствителни закони за бизнис климата, да се направи детална анализа како тие може да има влијание врз сите во реалниот живот -вели извршниот директор на Комората, Дрилон Исени.

Според Комората Македонија има предвидено порестриктивни стандарди од оние кои се бараат со Директивата 2015/849 за спречување на употребата на финансискиот систем со цел перење пари и финансирање на тероризам.

– Предвидена е забрана за плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 2.000 евра или повеќе, додека во Директивата истата забрана е определена во износ од 10.000 евра или повеќе – појасни Исени.

Според него ова драстично намалување од 15.000 на 2.000 евра ќе го отежни правењето на бизнис во земјата.

Потешкотиите во примената на овој закон, според него, ќе има и во делот на формализацијата на постапките за подготвување на проценките на опасностите што произлегуваат од перењето пари и финансирањето на тероризмот, мерките за анализа на клиентите и идентификација.

Од оваа комора има забелешка и на висината на глобите предидени за неисполнување на одредбите што се движат од пет до 30 илјади евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...