Бизнисмените ќе се обучуваат како да продаваат на рускиот пазар

На обуката ќе бидат изнесени и најновите тенденции, законски промени и можностите за зголемување на извозот на овој пазар.

50

Македонско-руската стопанска комора денеска организира трибина и еднодневна обука за македонски менаџери на тема „Особености на рускиот пазар и стратегија за успех (потенцијал, можности, реализација)“.

Бизнисмените ќе се запознаат со искуствата и советите на сопственици и менаџери на големи дитрибутерски куќи од Руската Федерација, експерти за надворешно – трговско работење од тој пазар, како и од раководниот тим на „Македонски дом“ од Москва за пласманот на македонската стока во Руската Федерација.

На обуката ќе бидат изнесени и најновите тенденции, законски промени и можностите за зголемување на извозот на овој пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...