Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Царинската управа на Република Македонија, организира настан на тема: „Овластен економски оператор – нов тренд во царинското работење, предизвици, искуства и поедноставување на царинското работење“.
На настанот ќе се обратат Ѓоко Танасоски, директор на Царинска управа на Република Македонија и Данела Арсовска, претседател на ССК.
Целта на настанот е промовирање на концептот на „Овластен економски оператор“, пред компаниите членови на Сојузот, презентирање на неговата тековна примена, со осврт кон предизвиците, придобивките и досегашните искуства.
Концептот на Овластен економски оператор е еден од инструментите за олеснување на трговијата. Последните измени на Царинскиот закон, се однесуваат и на критериумите за издавање на одобрение за овластен економски оператор кои се целосно усогласени со националните прописи и одредби за ОЕО на Царинскиот закон на Европската унија. Успешноста на примена на концептот зависи од интересот на компаниите да го применуваат.