Бизнисмените бараат полицијата да спречи кражби во скопските и тетовските маркети

поред Комората, се наметнува потребата од објективна изработка на проценка на ризик за секое работно место и од третирање на ова прашање со најголемо внимание според фактичката состојба, а не според систематизацијата на работни места.

103

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) искажува длабока загриженост за безбедносната состојба во земјата, особено во Скопскиот и Полошкиот регион поради, како што наведува, последните случувања во неколку маркети во Скопје и Тетово кои се мета на крадци.

Комората бара навремена реакција од полицијата и преземање соодветни мерки.

– Бараме од институциите надлежни за одржување на граѓанскиот ред и јавната безбедност соодветно и навремено да преземат чекори за сузбивање на криминалните случаи и воспоставување нормален и мирен тек на работите, како навремено и одговорно да се преземат чекори за контрола и воспоставување јавна сигурност и безбедност потребна за бизнисот – велат од СКСЗМ.

Комората апелира надлежните институции да преземат безбедносни мерки и активности, согласно соодветните оперативни планови за работа.

„Сакаме да ја искажеме и нашата подготвеност да помогнеме во изградба на институционален механизам за превенција и казнување секаков вид насилство кој го загрозува работењето на нашите членки“, стои во соопштението.

Според Комората, се наметнува потребата од објективна изработка на проценка на ризик за секое работно место и од третирање на ова прашање со најголемо внимание според фактичката состојба, а не според систематизацијата на работни места

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...