Поранешниот шеф на Интерпол, Менг Хонгвеј, денеска се изјасни за виновен за прифаќање 14,5 милиони јуани (2,1 милиони американски долари) за мито, додека му се суди во Кина, објавија државните медиуми.
Судот, во северниот град Тијанџин, ќе ја објави својата пресуда подоцна, објави официјалниот Народен дневен весник.
Судот додава дека Менг, поранешен кинески заменик-министер за јавна безбедност, „покажал покајување” за време на сослушувањето.
Не е јасно кој е адвокат на Менг и не е можно да се дојде до него за коментар, јавуваат западни медиуми.
Менг е меѓу групата кадри на Комунистичката партија, уапсени во кампањата против корупција, за која критичарите велат дека служи како начин да се отстранат политичките непријатели на претседателот Си Џинпинг.
Тој исчезна минатиот септември за време на посетата на Кина од Франција, и подоцна беше обвинет за примање мито и протеран е од Комунистичката партија.
Photo: EPA-EFE / INTERPOL