Бившиот на Френсис Бин Кобејн тужи: Кортни Лов сакаше да ме убие за гитарата на Курт

Исаја Силва, поранешниот сопруг на ќерката на Курт Кобејн, Френсис Бин Кобејн, ја тужи Кортни Лов дека сакала да го убие заради гитарата на покојната музичка легенда.

280

Исаја Силва, поранешниот сопруг на ќерката на Курт Кобејн, Френсис Бин Кобејн, ја тужи Кортни Лов дека сакала да го убие заради гитарата на покојната музичка легенда.

„ТМЗ“ пишува дека Силва тврдел дека Кортни со уште неколку луѓе заговорила да провалат во неговиот дом, да го претепаат, да го киднапираат и да го убијат за да можат да ја добијат култната гитара на Курт Кобејн.

Во тужба Исаја Силва тврдел дека на 3 јуни 2016 година, Сем Латфи, заедно со уште двајца мажи, провалиле кај него, го ограбиле, го нападнале и се обиделе да го убијат во неговиот дом во Холивуд и дека ја повредиле и неговата мајка. Според Силва, целта им била да ја земат гитарата на Кобејн што тој тврди дека му ја подарила Френсис.

Силва барал отштета, но износот не се наведува. Од „ТМЗ“ го контактирале менаџерот на Кортни, но не добиле повратен одговор за случајот.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...