Актерката Асиа Арџенто (42) е обвинета за сексуална злоупотреба над Џими Бенет (22), пренесува американскиот портал ТМЗ. Според информациите, девојката на починатиот готвач Ентони Бордејн делото го извршила во 2013 година, кога Бенет имал 17 години. По сексуалниот однос, таа му платила на Бенет да молчи.
Двајцата се запознала во 2004 година, за време на сетот на филмот „The Heart Is Decitful Above All Things“. Во филмот глумат мајка и син. Според документите до кои стигнал американскиот весник „Њујорк тајмс“, нивните адвокати постигнале спогодба од 380.000 евра.
„Тајмс“ пренесува дека адвокатот на Бенет на крајот на минатата година контактирал со Арџенто и рекол дека актерот има намера да тужи.
„Тајмс“ тврди дека поседува документи што докажуваат дека Бенет се сретнал со Арџенто во хотел во Калифорнија на 9 мај 2013 година. По големиот број испиени чаши алкохол, почнала да го бакнува и го фрлила на креветот, каде орално го задоволувала. Подоцна имале и сексуален однос.
Арџенто на социјалните мрежи објавила фотографии со помладиот колега од денот кога наводно се случил сексуалниот напад.
„Најсреќниот ден во мојот живот. Повторно состанок со Џими Бенет. Тоа е мојот син и моја љубов сè додека живее“, напишала актерката покрај заедничките фотографии.
„Тајмс“ тврди дека адвокатот на Бенет поседува фотографии од неговиот клиент на кои е легнат на кревет без горна облека. Весникот тврди и дека Арџенто му платила на Бенет 200000 долари за да добие некои од фотографиите. Адвокатите на Бенет тврдат дека се работело за сексуална злоупотреба и дека тој чин врз него оставил тешки последици.
– Му останаа тешки трауми, менталното здравје му е загрозено – тврдат тие.
Адвокатот на Арџенто предупреди дека Бенет по склучената спогодба, која ја потпишале, може на јавноста да ѝ раскаже што се случило, но не може да ја тужи за сексуална злоупотреба.
– Може да ги објави заедничките фотографии, но нема дозвола да ја малтретира за повеќе пари, да ја понижува или да ја тужи сè додека не ги исполни сите свои обврски од спогодбата – изјавил адвокатот.
Арџенто засега нема излезено со коментар за ваквите обвинувања.
Арџенто е една од најжестоките заговорници на движењето #MeToo, против сексуалната злоупотреба во Холивуд. Таа е ѝ некогашна жртва на славниот холивудски продуцент Харви Вајнстин, кого, исто така, го обвини за сексуална злоупотреба.
ФОТО: Инстаграм