Пејачот Џастин Бибер и манекенката Хејли Балдвин се селат во Ватерлу во Онтарио. Тие наводно сакаат да имаат дете во блиска иднина и да уживаат во убавините на Канада.
– Џастин има огромен дом таму, на езеро. Тој го сака тоа место, а и се допаѓа и на Хејли – рекол извор за „Us Weekly“.
Претходно, парот со објави на Инстаграм им дадоа крај на шпекулациите за венчавка.
Дваесет и четиригодишниот пејач објави фотографија на која пишува „Мојата сопруга е феноменална“.
ФОТО: Инстаграм