„Како некогаш“ е насловена песната со која Биба Додева победи синоќа на поп-вечерта на 26 по ред фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“. Песната е автобиографска, за љубовта што ја загубила. Музиката и аранжманот се на Владимир Дојчиновски- Дојчин, а текстот на Ана Бунтеска.
– „Песната е автобиографска, и на Ана, и моја и на сите оние кои што изгубиле некого. Инаку, Ана ја познавам од многу одамна. Јас сум еден од оние нејзини фанови, и го почитувам нејзиниот збор, нејзините песни сето она што таа го прави – раскажа Биба за „Женски магазин“ зад сцената на фестивалот.