Друштвото за земјоделство, производство, услуги и трговија ЗОЛА компани ДООЕЛ од село Страцин, Кратово, лани на 7 февруари добило решение од Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС), со кое на оваа компанија ѝ се признава правото на стоковна и услужна индивидуална трговска марка „бејби биф“ и „baby beef“, пишува МКД.
Ова всушност значи дека во Македонија никој веќе нема право да увезува „бејби биф“ месо од, на пример Србија, ниту пак некој друг освен ЗОЛА има право да извезува во ЕУ такво месо.
А Европската Унија уште во 2010 година на Македонија ѝ одредила квота за извоз од 1.650 тони годишно „бејби биф“ месо во земјите членки на ЕУ.
Правото на исполнување на таа квота веќе повеќе од една година го има само ЗОЛА од Страцин.