Холивудските ѕвезди Леонардо Дикаприо и Бред Пит продолжуиваат со снимањето на филмот „Беше еднаш во Холивуд“ – најновото остварување на култниот режисер Квентин Тарантино.
Дикаприо и Пит се уловени на снимање на сцени во Лос Анџелес, каде заедно неуморно работат со режисерот Тарантино и останатиот дел од екипата.
Двајцата актери за потребите на филмот, чија приказна се одвива во 1969 година во Холивуд, облечени се многу автентично за тој период и изгледаат неодоливо и секси.
Педесет и четиригодишниот Бред Пит изгледа поопуштено, во полежерна варијанта – црна маица, класични фармерки и кафени чевли, кожен каиш, а тетоважа на раката му е сокриена со фластер.
Четириесет и тригодишниот Леонардо Дикаприо пак изгледа како баш да се забавува на снимањето, облечен во кожена јакна, класични панталони, каубојски обувки и со златен ланец на вратот.
Премиерата на филмот „Беше еднаш во Холивуд“ е закажана за идното лето.
Дејството на „Беше еднаш во Холивуд“ се одвива во Лос Анџелес во 1969 година и зборува за актерот Рик Далтон (Дикаприо) и неговиот дублер Клиф Бут (Пит) кои се обидуваат да успеат во Холивуд кој веќе не го препознаваат.
Но, Далтон има многу позната сосетка – Шерон Тејт (ќе ја глуми Марго Роби), покојната сопруга на Роман Полански, која беше убиена во осмиот месец од бременоста од следбениците на озлогласениот Чарлс Менсон. Ал Пачино во филмот ќе го глуми Марвин Шварц, агентот на ликот што ќе го игра Дикаприо.