Бето О‘Рурк: Нетанјаху е расист

97

Претендентот за претседателски кандидат од редовите на демократите, Бето О‘Рурк, синоќа на митинг во Ајова изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, „е расист“, објави Си-Ен-Ен.

Во својот говор О‘Рурк истакна дека американско-израелските односи се „меѓу најважните на планетата“ но го искритикува Нетанјаху.

– За да бидат успешни, овие односи треба да се воздигнат над партизираноста во САД, и треба да се воздигнат над еден премиер кој е расист бидејќи испраќа предупредувања кон Арапите за време на изборна кампања, ги урува сите патишта кон мирот со заканите дека ќе го анектира Западниот Брег и кој застана со радикалната десница, расистичка партија, за да успее да остане на власт – изјави О‘Рурк.

Тој додаде дека Нетанјаху не ја претставува волјата на израелскиот народ, или најдобрите интереси во односите меѓу САД и Израел. Изјави и дека поддржува решение со две држави како најдобра можност за мир меѓу Израел и Палестина.

Пораките на О‘Рурк се дел од тековната дебата во Демократската партија за Израел и улогата на Нетанјаху кој неодамна беше во посета на Вашингтон и со кога претседателот Доналд Трамп има добри односи. Трамп неколку пати досега ги нападна демократите за антисемитизам.

Во Ирзаел утре се одржуваат парламентарни избори и актуелниот премиер изјави дека ако освои нов мандат ќе ги анектира населбите во окупираниот Западен Брег.

Фото: EPA/CJ GUNTHER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...