Бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи до крајот на јуни

Во здружението „Интеракција-плус“, до крајот на месец јуни, се организираат бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи, со претходно закажан термин, па така секој родител ќе може да добие информација и стручно мислење за состојбата на неговото дете.

734

„Родителите бараат логопедска помош кога ќе забележат некаков проблем во говорот на нивните деца. Во однос на тоа кога треба да се посети логопед,  родителите секогаш треба да се водат од возраста на детето, и каков е говорот кај детето.

Инаку, периодот помеѓу  четвртата и шестата година на детето е особено важен за следење на говорот. Навременото отпочнување со корективни третмани и нивно препознавање е од голема помош за успешно и побрзо надминување на говорно – јазичните потешкотии“, вели Ана Петреска, логопед и дефектолог во „Интеракција-плус“.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...