Велат дека не треба да ја фрлате храната, но во овој уникатен случај, отпадот што го собирате е она што може да ви донесе храна.
Индија само што го започна своето прво ‘Garbage Cafe’ во градот Амбикапур во централната индиска држава Чаттисгарх.
Иницијативата на општинската корпорација, потекнува од идејата да им се обезбеди храна на бездомниците и на сиромашните, а истовремено да се поттикне собирање на ѓубрето и одржување на чистотата на улиците.
Во ова кафуле се дава бесплатен оброк за секој килограм ѓубре што ќе го соберете или обилен појадок за 500 грама.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey