Беса: Не паничете од нашиот министер за култура ВИДЕО

1678

По официјалното соопштение дека Движењето Беса ќе го води Министерството за култура, во последниве денови се зачестија реакциите на некои личности од јавниот живот и невладините организации, кои се спротивставуваат на оваа одлука со разни оправдувања, велат од Беса.

– Почитувајќи го нивниот став, како и изразувајќи подготвеност да разговараме со сите што сметаат дека културата во Македонија ќе биде загрозена ако  биде предводена од Беса, без да ги прејудицираме мотивите на таквите реакции, сакаме да објасниме дека ако некоја албанска партија во Македонија заслужувала да биде дел од оваа влада, таа е Беса. Тие невладини организации треба да се потсетат дека единствените Албанци на протестите во 2015 година, на улиците на Скопје, беа токму врвните експоненти на Беса, вклучително и актуелниот претседател, Африм Гаши.  Покрај тоа, пред неколку дена премиерот рече дека претходниот режим во борбата за елиминација на опозициските сили, покрај СДСМ, исто така ја имал на мета и Беса – велиат од партијата.

Од таму додаваат дека нема потреба за никаква паника и дека тие не се добро информирани за Беса.

– Отворена сме за дијалог со сите политички и невладини фактори во земјата, како и подготвени да разговараме и комуницираме со сите. Министерот за култура од Беса ќе биде новиот албански дух што сакавме да го донесеме ние по падот на режимот. Тој ќе биде подготвен да ги сослуша сите предлози, жалби, сугестии и критики од јавноста, без оглед на етничка припадност, сето ова со цел да се произведат вистински културни вредности за доброто на сите граѓани и на земјата воопшто – велат од Беса.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...