Бертолучи го критикуваше Ридли Скот поради исфрлањето на Кевин Спејси

Италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи го критикуваше Ридли Скот поради тоа што реши да го исфрли глумецот Кевин Спејси, да го замени со Кристофер Пламер и да ги пресними сцените со неговиот лик во филмот „Сите пари на светот“.

273

Италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи го критикуваше Ридли Скот поради тоа што реши да го исфрли глумецот Кевин Спејси, да го замени со Кристофер Пламер и да ги пресними сцените со неговиот лик во филмот „Сите пари на светот“.

– Скот треба да се засрами. Јас во тој момент добив порив да го ангажирам Спејси во мој филм, изјави Бертолучи за време на Филмскиот фестивал во Бари, Италија. Притоа, тој нагласи дека го поддржува движењето против сексуалното вознемирување и насилство.

На Фестивалот викендов се прикажа реставрирана верзија од филмската класика „Последното танго во Париз“ на италијанскиот режисер. Така, во контекст на изјавата, се наметна и прашањето околу фамозната сцена со протагонистите Марлон Брандо, Марија Шнајдер и путерот, која што на многумина им наликува на силување.

– На сетот, таа (Шнајдер) беше среќна. Не верувајте на се што ќе прочитате на друштвените мрежи. Тоа не беше силување. Брандо беше многу внимателен кон неа, ја заштитуваше, и тие тогаш имаа многу добра соработка, истакна Бертолучи.

ФОТО: EPA/GIORGIO ONORATI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...