Бери Гиб од „Би џис“ стана витез

272

Принцот Чарлс го одликуваше со титула витез највозрасниот и воедно единствен жив член на групата „Би џис“ (Bee Gees), Бери Гиб.

На свеченоста во Бакингемската палата Гиб изјави дека се надева дека неговите покојни браќа Робин и Морис, преостанатите двајца членови на триото, се гордеат со него.

– Да не беа моите браќа, јас немаше да бидам тука – наведе Бери Гиб откако принцот Чарлс му ја врачи титулата.

Тој нагласи дека за него ова претставува голема награда и дека е многу горд поради тоа.

Морис Гиб почина во 2003 година, а Робин во 2012 година.

Триото „Би џис“ врвот на светската слава го достигна во 70-те години на минатиот век со хитови како „How Deep is Your Love“, „Stay in Alive“, „Tragedy“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...