Бериша: Рама може да биде соборен само со револуција

72

Поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша изјави дека продолжува да повикува на револуција како единствен начин, според него, да се отстрани Еди Рама од функцијата премиер.

– Само револуцијата е решение во оваа земја. Има омраза кон Еди Рама која се граничи со небото, и оваа омраза треба да се капитализира со соборување на Еди Рама и неговиот наркокабинет. Тоа е мое мислење – изјави Бериша.

Гостувајќи во емисијата „Оваа недела“, на албанската телевизија Њуз 24, Бериша рече дека опозицијата не треба да губи време, додавајќи дека „мора да стори сé што може за да му го направи на Рама тоа што Боливијците му го направија на претседателот Ево Моралес“.

– Според мене опозицијата треба да стори сé што може за да му го направи на Еди Рама она што Боливијците му го направија на Моралес, она што Ерменците му го направија на Саркезијан, да го направат тоа што го направија Македонците во време кога навистина имаше проблем. Значи, опозицијата не треба да губи време, туку да биде фрлена во битка сè до конечното соборување на овој албански мафијашки бос, како што сега го нарекуваат во Европа – посочи Бериша.

Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша ги повика албанските граѓани да се „кренат на народна револуција“ против актуелната власт.

Бериша, кој е и поранешен лидер на опозициската Демократска партија првпат во август пред две години ги повика албанските граѓани да се „кренат на народна револуција“ против актуелната власт, по примерот на Романците, кои, како што рече, протестираат против корумпираната Влада.

„Драги пријатели, деновиве романските граѓани се кренаа на силна народна револуција во Букурешт и низ цела Романија за уривање на левичарскиот клептократски режим. Изразувајќи ја мојата огромна солидарност и восхит со романските граѓани и нивната револуција, ги повикувам албанските граѓани да се кренеме и ние на една сенародна револуција, за да ја урнеме наркодржавата и клептократскиот режим во Албанија“, објави тогаш Бериша на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...