Бен Афлек призна: Разводот со Џенифер беше моја најголема грешка!

864
EPA/WILL OLIVER

Актерот се потсетил на својот порок, алкохолот, кој придонел за распадот на неговиот брак.

– Пиев релативно нормално подолг период. Но потоа почнав да пијам сѐ повеќе и повеќе, кога мојот брак почна да се распаѓа. Тоа беше во 2015 и 2016 година. Моето опивање предизвика и материјални проблеми – изјавил Бен Афлек за „Њујорк тајмс“.

Во 2018 година, Бен и Џенифер се развеле по 13 години брак, а денес делат старателство над три деца: Виолет (14), Серафин (11) и Сем (7).

„Најголема грешка во мојот живот е тоа што се разведов. Срамот навистина е токсичен. Ништо позитивно не се случува по срамот. Постои само токсично, ужасно чувство на помала вредност. Сега знам дека направив грешка. Направив многу работи поради кои се каам, но морам да станам и да научам нешто од ова, да се обидам да напредувам…“

– Се обидувам да се чувствувам подобро со јадење, пиење, секс и коцкање, но тоа само ми го влошува животот. Работам на тоа срамот и непријатноста да исчезнат. Но тогаш, всушност започнува вистинската болка. Тоа е маѓепсан круг од кој тешко може да се излезе. Тоа барем ми се случуваше мене – признал оскаровецот.

И додека Бен Афлек (47) за време на разделбата, а подоцна и разводот, се гледал со двојно помлади девојки, парадирал со нив пред очите на јавноста, покажувајќи колку е среќен. Џенифер за тоа време се грижела за децата и нивните училишни активности.

Никогаш никој не можел да ја поврзе со некаков скандал. Неодамна почна да се зборува дека нашла нова љубов, додека актерката на сите претпоставки само се смешка.

Изгледа Бен конечно сфатил дека изгубил една сериозна и приземна жена.

Фото: EPA/WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...