Цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар, а дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“ се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69,5 денари за литар. Останатите горива поскапуваат за еден денар за литар така што новата цена на бензинот „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67,5, на дизелот „еуродизел (Д-Е V)“ 62,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,5 денари за литар.
Со одуката на РКЕ за 0,494 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 31,641 денари.