Бензините поевтинуваат за 1,5 денари по литар

Со одлуката на РКЕ се намалуваaт малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,08 отсто.

161

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се намалуваaт малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 0,08 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67, а на  ЕУРОСУПЕР БС-98 – 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе продолжи да се продава за 61,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,293 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 34,478 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,83 отсто пониската просечна цена на бензинот на светските берзи во изминатите седум дена и за 0,48 отсто кај дизелот, како и за 0,24 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...