Бензините и дизелот поевтинуваат, ова се новите цени

431

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71,50 ден/лит. Новата цена на дизелот од ноќеска на полноќ ќе изнесува 61,5 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,914 ден/кг со што тој ќе се продава по цена од 34,167 ден/кг.

Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...