Белгија: Судски казни за извоз на хемиско оружје во Сирија

55

Судот во Антверпен изрече затворски и парични казни против три приватни компании кои извезувале исопропанол во Сирија, хемиска супстанца која се користи за подготовка на нервниот гас сарин, јави дописничката на МИА од Брисел.

Казните се движат до 500 илјади евра и една година затвор за три компании и нивните сопственици.

Во периодот меѓу мај 2014 и декември 2016 година, овие компании испратиле 24 различни хемиски супстанци во Сирија, вклучувајќи 168 тони исопропанол без дозвола.

Белгиската царина смета дека компаниите требале да знаат дека овие супстанци се забранети бидејќи биле информирани преку електронска пошта и дека информацијата била објавена на веб страницата на царината.

Освен казните, судот нареди и да се запленат неколку тони хемиски супстанци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...