Белгиските „жолти елеци“ бараат поголеми плати, нов протест в сабота

72
ФОТО: МИА

Белгиските „жолти елеци” подготвија листа на барања, кои имаат намера да ги презентираат на протестот в саботата во Брисел, објавија локалните медиуми.

Меѓу барањата е итно зголемување на платите, особено на минималните плати, воведување можност за отповикување на избраните претставници, намалување на ДДВ за електрична енергија, зголемување на можностите за користење јавен превоз, формирање позициии за граѓанско практицирање на власта, подобрување на административните услуги, запирање на ограничувањата за буџетски трошоци,  средствата запленети при борба со финансиски измами да се користат за јавен интерес- пренесува БТА.

Засега, не е побарано одобрение од полицијата за одржување на протестот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...