Христијанската Фондација „Про Еурол Кристиана“ се обидува да ја спречи оперската куќа „Ла Моне“ во Брисел да го постави на сцена оратотиумот на Артур Хонегер „Јованка Орлеанска на клада“, оценувајќи дека ги навредува христијаните.
Во ораторимот Јованка Орлеанска се појавува во машка облека, а во една сцена е и гола.
Фондацијата покрена петиција со која се бара претставата на италијанскиот режисер Ромео Кастелучи да биде откажана.
Во писмото испратено до директорот на „Ла Моне“ Переру де Калуве и до белгискиот министер за култура Дидие Рејндер се наведува дека претставата ги навредува христијаните.
Клауве повикувајќи се на слободата на изразување изјави дека претставата ќе биде на репертоар од 5 до 11 ноември