Белата куќа денеска ги негираше информациите дека американскиот претседател Доналд Трамп побрал од Пентагон да подготви мислење за намалување на бројот на припадници на вооружените сили на САД во Јужна Кореја.
Советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон истакна дека претседателот на САД не побрал мислење од Пентагон за ова прашање.
Изјавата на Болтон претставува реакција на написот на „Њујорк Тајмс“ во кој се тврди дека Трамп му наредил на Пентагон да подготви варијанти за намалување на бројот на американските војници во Јужна Кореја.
– Статијата во „Њујорк Тајмс“ се целосно апсурдна. Претседателот не побара од Пентагон да даде мислење за намалување на бројноста на американските сили стационирани во Јужна Кореја – рече Болтон.
„Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана наведува дека по евентуалното склучување на мировен договор меѓу Северна и Јужна Кореја, можеби нема да биде потребно на Корејскиот Полуостров да бидат распоредени 28.500 американски војници, колку што сега изнесува нивниот број.
Истите извори, сепак сметаат дека целосно повлекување на американските сили од Јужна Кореја е малку веројатно.
Во моментов, Вашингтон и Сеул водат преговори за трошоците на воените сили. Според договорот, кој истекува кон крајот на годината, Јужна Кореја покрива околу половина од трошоците, односно над 800 милиони долари годишно.
Администрацијата на Трамп, меѓутоа сака Сеул да ги преземе на своја сметка речиси сите трошоци за американското воено присуство.
Универзитетскиот професор во Џорџтаун Виктор Ча, кој беше еден од кандидатите за амбасадор во САД во Сеул, смета дека Трамп би имал корист од евентуалното повлекување на војници од Јужна Кореја.
– Со таква одлука, американскиот претседател ќе добие позитивни реакции од избирачите, ќе заштеди пари и ќе даде важна насока во преговорите со (севернокорејскиот лидер) Ким (Џонг-ун), но тоа ќе биде големо ослабување на сојузот меѓу САД и Јужна Кореја – додава Ча.
Владата на Јужна Кореја оваа недела соопшти дека присуството на американскиот воениот контигент во земјата е неопходено и дека тој нема да биде повлечен дури ако биде склучен мировен договор со Северна Кореја.