Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не планира да го смени специјалниот обвинител Роберт Малер, ниту заменикот на јавниот обвинител Род Розенстајн.
Директорот на службата за правни работи на Белата куќа, Марк Шорт рече дека нема причина да верува дека тие ќе бидат сменети, и покрај растечката вознемиреност на Трамп поради истрагата на Малер за врските на неговиот предизборен тим со Русија, која Розенстајн ја надгледува.
Тој напомена дека сепак не може да ја исклучи можноста за нивна смена во долгорочна смисла, затоа што, како што рече, не знае „колку оваа истрага ќе ја менува насоката“