Белата куќа: Трамп и Ким ќе се сретнат следниот месец

47

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокроејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе имаат средба во крајот на февруари, соопшти Белата куќа.

Местото на состанокот ќе биде објавено дополнително.

Трамп денеска имаше средба со високиот претставник од Северна Кореја, Ким Јонг Чол и теми биле денуклеаризација на Корејскиот полуостров и новиот состанок на двајцата лидери. Првиот состанок на Трамп со Ким беше одржан лани во Сингапур кога беше договорена денуклеаризација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...