Белата куќа со план за економска стимулација по неизвесноста на берзите поради коронавирусот

Засега се размислува за привремено намалување на данокот на личен доход, достапна кредитна и логистичка помош за средните бизниси, помош за работниците кои примаат плата на час, мерки што можат да ја стимулираат економијата.

95

Администрацијата на Доналд Трамп денеска пред Конгресот ќе излезе со предлози за стимулација на американската економија, по неизвесноста на пазарите околу ширењето на коронавирусот.

Засега се размислува за привремено намалување на данокот на личен доход, достапна кредитна и логистичка помош за средните бизниси, помош за работниците кои примаат плата на час, мерки што можат да ја стимулираат економијата.

Предлозите за економски стимул Трамп денеска треба да ги претстави во Конгресот и ќе бара одборување од законодавците, посебно од оние кои се „поскептични“ во однос на ова.

Во меѓувреме, во САД денеска тргувањата почнаа со благ раст, откако главните берзи во Њујорк го завршија синоќа денот со пад од седум отсто, а некои азиски финансиски пазари регистрираа пад од пет отсто, додека европските пазари имаа загуби од осум отсто.

Поради стравувањето од коронавирусот, падна цената на сировата нафта во просек на помалку од 30 американски долари на глобално ниво. Во САД, цената на нафтата падна за 25 отсто на 31,13 долари за барел.

Цената на нафтата падна на најниско ниво од Заливската војна во 1991 година. Аналитичарите од Голдман Сакс предупредија дека цената на нафтата може да падне и до 20 долари за барел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...