Белата куќа објави дека Северна Кореја почнала да ги враќа посмртните останки на американски војници

Во Корејската војна беа убиени околу 33.000 американски војници, а повеќе од 8.000 од нив се уште се водат како исчезнати.

128

Белата куќа соопшти дека Северна Кореја почнала да ги враќа на САД посмртните останки на американски војници убиени во Корејската војна (1950-1953).

Враќањето беше договорено на историската средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, која се одржа на 12 јуни во Сингапур.

Авионот со останките на 50 војници полетал од Северна Кореја кон американската воздухопловна база Осан во Јужна Кореја, каде што на 1 август ќе се одржи официјалната церемонија. Според јужнокорејската агенција Јонхап, авионот веќе слетал во базата.

Се очекува да бидат вратени останките на 50 војници, кои најверојатно ќе бидат префрлени на Хаваи за да бидат идентификувани.

Претстои долг процес во кој лекари на судска медицина ќе треба да утврдат дали добиените останки се човечки и дали навистина се на американски војници или на војници од сојузнички армии, убиени во војната.

Во Корејската војна беа убиени околу 33.000 американски војници, а повеќе од 8.000 од нив се уште се водат како исчезнати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...