Mинистерот за економија Крешник Бектеши изјави дека лично го потпишал документот со кој пред влада ќе се бара одлука за раскинување на договорот за експлоатација на рудникот Иловица – Штука, откако Второстепената комисија одлучи тој да се раскине.
– Одлуката е конечнма и ние како Министерство постапивме по неа. Вчера ја потпишав одлуката за едностран раскин на договорот за Иловица и сега оди пред соодветните комисии и пред влада, каде што треба да се расправа и донесе соодветна одлука – рече Бектеши.
Бектеши рече дека внимателно ги следат сите законски процедури и се подготвени на секој можен чекор од страна на компанијата „Еуромакс“.
– Внимателно ги следиме сите процедури, се со цел да не ја ставиме државата во незгодна ситуација и да ја одведе на Арбитражен суд – рече Бектеши.
Останува уште Владата да донесе одлука за предвремено раскинување на договорот.