Бектеши се сретна со претставници од енергетската групација на Светската банка

85

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Скопје се сретна со претставници на групацијата одговорна за енергетика при Светската банка, со кои разговараше за поддршката што Македонија ја добива од оваа групација во нејзините напори за одржлив развој и енергетски потенцијал, пополнување на недостатокот на електрична енергија и зголемување на домашната побарувачка, како и можностите за зголемување на извозот на електрична енергија, на пазарите на Западен Балкан и пошироко.

На средбата, информираат од Кабинетот на Бектеши, се разговараше за конкретни енергетски проекти во земјата и рехабилитација на постојните енергетски капацитети.

Друга област од потенцијален интерес за претставниците на Светската банка беше развојот на пазарите на соларната енергија. Тие изразија подготвеност да помогнат на Владата да ги мобилизира инвестициите на приватниот сектор на соларниот пазар, со конкурентни стапки, како што тоа го спровеле во други земји.

Министерот Бетеши, информираше за најновите случувања во политиката и економијата во земјава и можностите за инвестирање во различни сфери, изразувајќи длабока благодарност за нивната подготвеност да и помогнат на Македонија преку енергетскиот сектор при Министерството за економија.

Двете страни изразија задоволство од можноста за продлабочување на понатамошната соработката, со конкретни проекти помеѓу оваа групација на Светската банка и Владата на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...