Бектеши од Виена најави нови инвестиции во енергетиката

На форумот министрите одговорни за енергијата од Балканот и земјите-членки на Европската унија, разговараа за начините и акционите планови за зголемување на производството на електрична енергија преку обновливи извори на енергија.

133

Интензивирање на регионалните проекти, со цел да се постигне поголема енергетска стабилност на регионот, побара денеска во својата дискусија, министерот за економија Крешник Бектеши на Министерскиот форум за одржлива енергија што се одржува во Виена, Австрија.

На форумот министрите одговорни за енергијата од Балканот и земјите-членки на Европската унија, разговараа за начините и акционите планови за зголемување на производството на електрична енергија преку обновливи извори на енергија.

Главната цел на состанокот е да се заштити животната средина, во текот на производството на електрична енергија и плановите кои треба да се имплементираат по 2020 година во државите потписнички на Договорот за основање на Европската енергетска заедница.

Во однос на инвеститциите во земјава Бектеши најави инсталација на 200 MWh во земјата.

Министерот за економија Крешник Бектеши е претседавач на Претседателството на Енергетската заедница за 2018 година, и во тоа својство ќе присуствува на годишниот состанок на министрите одговорни за енергетика, индустрија и економија, кој ќе се одржи во Вахау, во близина на Виена, со тема енергетски транзит во земјите потписнички на Договорот за основање на Европската енергетска заедница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...