Бектеши-Караниколов: Големи можности за соработката во иднина

Договорена е и соработка во промоцијата на инвестициските можности на двете земји на трети пазари за привлекување на странски инвеститори.

47

Oтворање нови можности и перспективи за зголемување на трговската соработка, како и заедничкото претседавање со Берлинскиот процес во насока на зголемување на регионалната соработка и евроинтеграциите, беа темите на разговор меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и неговиот бугарски колега Емил Караниколов денеска во Софија.

Kако што соопшти кабинетот на Бектеши, договорено е до крајот на годината да се одржибизнис форум во Скопје.

– Република Бугарија е еден од најважните трговски партнери на Република Северна Македонија. Ние како две соседни земји имаме одлична трговска соработка која е во континуиран пораст и има простор во иднина дополнително да се зголеми. Со одржување на еден заеднички бизнис форум во Скопје на кој ќе присуствуваат компании од двете држави ќе се отвори простор за нови соработки на бизнисот и отварање на нови пазари – изјави Бектеши.

Во рамки на Берлинскиот процес Бектеши му предложил на министерот Караниколов да се формираат технички групи од различни сектори и дел од настаните за промоција на регионалната соработка да се одржат во земјава.

Караниколов истакнал дека како земја членка на Европската Унија, Бугарија е отворена да ги сподели со земјава своите искуства во процесот за преговарање и на техничко и на институционално ниво.

Договорена е и соработка во промоцијата на инвестициските можности на двете земји на трети пазари за привлекување на странски инвеститори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...