Викторија Бекам го прославила 45. роденден во друштво на своето семејство во Лос Анџелес.
Сопругот Дејвид и децата ја изненадиле рано наутро.
Децата одлучиле на Викторија да ѝ направат сладолед, а таа потоа ги однела на појадок во ресторанот во близина, каде им се придружила и девојката на Бруклин, Хана Крос.
Сите заедно ѝ испеале роденденска песна, а таа дувала само една свеќа забодена во крофна.
Викторија од ќерката Харпер добила кукла со нејзиниот лик, а од сопругот Дејвид огромен букет и честитка.
Неверојатно скромна прослава имајќи предвид дека и Дејвид и Викторија заработуваат огромни суми. На пример, Дејвид иако одамна е пензиониран и не игра фудбал дневно заработува 40.000 евра.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин
ФОТО: EPA-EFE-GUILLAUME-HORCAJUELO