Без поддршка предлогот – Тачи да го води дијалогот со Белград

Предлогот на Рамуш Харадинај, косовскиот претседател Хашим Тачи да има водечка улога во дијалогот меѓу Приштина и Белград, нема поддршка на мнозинството во владејачката коалиција.

90

Предлогот на Рамуш Харадинај, косовскиот претседател Хашим Тачи да има водечка улога во дијалогот меѓу Приштина и Белград, нема поддршка на мнозинството во владејачката коалиција, објави приштинскиот весник „Коха диторе“.

Опозициските партии претходно го отфрлија тој предлог, а малку подоцна и Социјалдемократската иницијатива, која е дел од владејачкото мнозинство.

Владината платформа за дијалог со Белград е поднесена во косовскиот Парламет и најверојатно ќе биде вклучена во дневниот ред на Претседателството на Собранието, се вели во прес клипингот на УНМИК.

За да биде усвоена платформата потребно е за неа да гласаат 61 пратеник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...