Без око останале неколкумина, двајца во критична состојба, протестите во Барселона продолжија

315
ФОТО: EPA / Toni Albir

Неколку стотици приврзаници на независноста на Каталонија синоќа повторно, по седми пат, протестираа на улиците на Барселона поради неодамнешната пресуда на сепаратистичките лидери.

Една група демонстранти ја блокираше улицата во близина на седиштето на шпанската влада во Каталонија, а друга група ја блокираше големата Авенија Меридијан во источниот дел на градот.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, немало знаци на насилство како во претходните денови.

„Ние сме луѓе на мирот“, пишуваше на еден од транспарентите што го носеа демонстрантите.

Вршителот на должноста министер за полиција Фернандо Гранде-Марласка вчера изјави дека во судирите досега биле повредени 288 полицајци, уапсени 194 лица и оштетени се 267 полициски возила. Исто така, повредени се неколку стотици демонстранти.

Градоначалникот на Барселона, Ада Колау изјави дека еден полицаец и еден демонстрант се во критична состојба и дека неколку лица го изгубиле едното око, бидејќи биле погодени од гумени куршуми испукани од полицијата.

ФОТО: EPA / Toni Albir

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...