Без никакви шанси: „Ај Кју“ биле претпоследни во полуфиналето на Евровизија

1584

„Ај Кју“ со песната „Lost and Found“ биле претпоследно место во првата полуфинална вечер, а после Македонија, биле единствено претставниците на Исланд.

Според резултатите од гласовите на двете полуфинални вечери, кои рано утринава беа објавени на официјалната страница на Евровизија, Македонија завршила на 18–то место, од вкупно 19 натпреварувачи, со само 24 поени. Зад нас се наоѓа единствено Исланд, со 15 поени.

На истата, прва полуфинална вечер, Изреал освоил 283 поени, Кипар 262, Чешка 232, Австрија 231, Естонија 201, Ирска 179, Бугарија 177, Албанија 162, Литванија 119, Финска 108, Азербејџан 94, Белгија 91, Швајцарија 86, Грција 81, Ерменија 79, Белорусија 65, и Хрватска 63 поени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...