Бездомник преспал во дворот на палатата на кралицата, па го осудиле на затвор

94

Бездомник успеал незабележано да влезе во Бакингемската палата и четири часа преспал во дворот на официјалната резиденција на британската кралица, а потоа бил уапсен и осуден на затворска казна од 28 дена.

Судот во Вестминистер соопшти дека инцидентот се случил на 16 јули, а 44-годишниот бездомник Стивен Лоулор откако влегол во кралскиот комплекс ја откорнал огласната табла од металната решетка и ја искористил како лежај.

Лоулор во Бакингемската палата влегол околу еден часот по полноќ, а бил забележан од страна на обезбедувањето рано наутро во пет часот.

Неговиот адвокат изјави дека тој само сакал да „поспие“ и дека се извинува за проблемите.

Лоулор ја призна вината пред судот и се извини за незаконското влегување и нанесената штета.

– Сте знаеле каде влегувате и какви последици може да има тоа во поглед на безбедноста. Претходно сте биле осудени 70 пати, а ова е само уште еден престап во вашата низа, истакна судијата кој го водеше процесот.

Лоулор беше осуден на 28 дена затвор за незаконско влегување во заштитена област, а доби и 21 ден затвор за нанесената штета во висина од 210 фунти. Двете казни ќе ги издржува истовремено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...