Гватемалската полиција успеа да спаси девојче од регионот погоден од вулканската катастрофа. Тие на „Твитер“ објавија видео од спасувањето на девојчето од куќа во регионот погоден од ерупцијата на вулканот Фуего. Полицијата соопшти дека девојчето е пренесено во болница.
Гватемалскиот институт за сеизмологија и вулканологија предупреди за ново излевање лава од западната страна на вулканот Фуего. Досега во оваа природна катастрофа загинаа 99 луѓе. Институтот предупреди жителите да бидат претпазливи и да избегнуваат движење во областa. Во соопштението се наведува дека текот на лавата, широк од 30 до 40 метри, се спушта до реката Пантелеон.
Спасувачките тимови трет ден трагаат по преживеани.
Агенцијата информира дека во некои области на малото село Сан Мигел Лос Лотес може да се видат само покривите на куќите затрупани од вулканска пепел, камења и тиња.
ФОТО: Јутјуб