Во воениот хеликоптер „Ми-8 МТВ“ утрово околу 5 часот на итен медицински лет од островот Брач се роди женско бебе, пренесуваат хрватските медиуми.
Мајката го родила девојчето непосредно пред слетувањето на хеликоптерот, а среќниот момент го посведочил екипажот,капетанот, надпоручникот и наднаредникот.
Пилотот Себастијан Трепшиќ изјави дека сè се одвивало со многу брзо, со оглед на тоа што летот траел само околу 10-на минути, а малата Брачанка „немала време да чека“ да дојде на свет.
– Сè протече без компликации, мајката и девојчето се добро и тоа за екипажот беше најубавиот крај на дежурството. Чувството беше прекрасно и ќе го паметиме цел живот. Тоа е она што ја чини убавината на летањето. Освен хумани мисии и спасување човечки животи, имавме можност да посведочиме и на раѓање на еден нов живот – истакна пилотот Трепшиќ.