Бебе родено 4 години по смртта на родителите

По долга правна битка во Кина, сурогат мајка роди машко дете, четири години откако неговите родители загинале во сообраќајна несреќа, објавија локалните медиуми.

461

По долга правна битка во Кина, сурогат мајка роди машко дете, четири години откако неговите родители загинале во сообраќајна несреќа, објавија локалните медиуми.

Шен Џи и Лиу Ксји, двојка од источна Кина, безуспешно се обидувала да добијат дете во првите две години од бракот, па замрзнале ембриони со намера да имаат дете по пат на ин витро. За жал, парот трагично загинал на 20 март 2013 година, пет дена пред ембрионите да бидат имплантирани кај жената. Нивните родители дале правна согласност за користење на ембрионите.

Сурогатството е забрането во Кина, а болницата во Нанјинг можела да ги даде ембрионите за чување само на друга медицинска установа надвор од државата, што довело до бројни бирократски процедури за на родителите на загинатите да им биде дозволено да ги користат ембрионите. На болниците не им е дозволено да вршат трансфер на емриони до индивидуи, па семејството исконтактирало агенција за сурогатство што соработувала со болница во Лаос. Во декември 2016 година, агенцијата ги добила ембрионите и ги пренела во Лаос во 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...