Ќерката на Кајли Џенер – Сторми сега може да се пофали со скапа колекција на чевли со вкупна вредност од 22.000 долари. Бидејќи малечката е премногу мала за да се пофали, нејзината мајка го прави тоа наместо неа.
Всушност 5-месечното бебе кое се роди во февруари оваа година, сѐуште не може да оди, но пак е должно да живее според стандардите на кланот Кардашијан (Кајли е најмалата од 5-те сестри од кланот).
20-годишната ѕвезда Кајли се пофалила со колекцијата на својата ќерка во Instagram.
Во неа најсилен впечатокоставаат чевлите на топдизајнерот Giuseppe Zanotti, кои чинат 1.000 долари, најатрактивните пар на Gucci, кој е со цена од 275 долари, како и патиките Nike за скромните 50 долари.
Таткото на ѐСторми е раперот Травис Скот.